Без струја утре делови од неколку скопски населби и села

 

Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во мрежата без електрична енергија утре ќе останат потрошувачи од делови на општините Аеродром, Арачиново, Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Кисела Вода и Сарај, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи во Скопје.

– Од 08.30 до 12 часот без струја ќе бидат жителите од селата Мршевци, Ајватовци, Бујковци и Бунараџик од Општина Илинден и селото Грушино од општина Арачиново, од 08.30 до 16 часот потрошувачите од улицата „Тодор Чангов“, подулици 41, 43, 45 и 47 во Општина Аеродром, во општина Кисела Вода, од девет до 13 часот дел од улицата „Славка Динкова“, од девет до 14.30 часот дел од улицата „20“ во село Сарај, Општина Сарај, се појаснува во соопштението.

Во општина Карпош, од девет до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козле“ околу бројот 81, додека од 10 до 12.30 часот, зградата број 119 – влез трети на булеварот „Партизански Одреди“.

– Во општина Ѓорче Петров, во време од 10 до 13 часот, без струја ќе останат корисниците од улицата „Лука Геров“ број 48, дел од влез 2, се додава во соопштението.

27.12.2022 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега