Без вода утре корисници од неколку улици во Капиштец

 

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Шарски одред“ и дел од „Мајка Тереза“, „Козара“, „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на улица „Шарски одред“ 10 и ќе трае до завршување на зафатот.

РЦУК соопшти дека поради уличен дефект ф-2 на улица „Петре Георгиев“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица, од 14 часот до отстранувањето на дефектот.

23.08.2022 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега