Бившиот градоначалник Талески почна да ја издржува затворската казна во Прилеп

 

Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески од вчера веќе е спроведен во затворот во Прилеп за издржување на затворската казна за случајот „Транспортер“.

Талески е осуден на 7 години затвор, а предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

Поранешниот градоначалник веќе помина три години во куќен притвор.

Меѓу десетемина кои добија затворски казни, исто како и Талески се раководител на сектор во Општина Битола во времето на мандатот на Талевски, кој доби 6 години и 6 месеци, додека останатите се управители на фирми за превоз. Затворските казни на управителите се движат од 2 години и 2 месеци до 3 години. Еден од управителите е и Џими Мицевски, кој е дел од музичката група „Молика“ – тој доби 2 години и 6 месеци затвор.

10.01.2023 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега