Бранко Црвенковски на дебата дали е можно побрзо членство во ЕУ

 

Интерактивна дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“, денеска ќе се одржи во Скопје. Дебатата е во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори во соработка со кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски.

На овој настан обраќање ќе имаат поранешниот претседател Црвенковски и поранешниот амбасадор и претседател на „Советот на амбасадори“, Мухамед Халили.

Учество на дебатата ќе земат и амбасадори, универзитетски професори, пратеници, поранешни министри, бизнисмени, членови на стопанските комори.

19.06.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега