Татко и син се тепале со сосед на полноќ во Аеродром
Половина час по полноќ синоќа, во полиција било пријавено дека во станбена зграда во Аеродром, татко ти син се степале со нивен сосед, со што го нарушиле јавниот ред и мир, соопшти МВР.
„Денеска (28.02.2025) во 00.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.П.(50) и Н.П.(21) од една страна и Р.Ш.(48) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.
28.02.2025 - 18:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа