Дали знаете која нација е највисока во светот?

Ако сте се запрашале која нација е највисока во светот, еве го одговорот. World of Statistics објави на X (поранешен Twitter) нови податоци поврзани со висината на населението.

Според нивните податоци, кога се гледа просечната висина на мажите, Холандија е на прво место со просечна висина од 183,8 сантиметри. Зад нив се Белгијците (182,2 см) и мажите од Босна и Херцеговина (182,1 см).

На четврто место се Црногорците (182 см). По нив следат Данците и Норвежаните (181,4 см). Мажите од Србија се на седмото место (181,3 см), а осмото го делат Германците и Хрватите (181 см).

Последните три места ги зазедоа мажите од Индија (168,3 см), Филипините (165,5 см) и Виетнам (164,4 см).

 
26.08.2024 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега