Демант на директорот на Филхармонија: Извршувањето на работните обврските не претставува мобинг

 

Директорот на Македонска Филхармонија, Даниел Лазаровски, го демантира Синдикатот кој вчера го обвини за притисоци врз вработените.

Лазаревски во демантот вели да се очекува од вработените да ги извршуваат своите работни обврски не е мобинг, и дека не е вистина оти откажал соработка со познат диригент од странство.

Тој напиша демант кој во целост ви го пренесуваме:

На јавноста и е познат објектот во кој работи Филхармонијата, со просторни и други услови кои се најдобри на Балканот, такашто неправедно е во однос на други установи и кај нас и на балканот, да се зборува за лоши услови за работа. Понатаму, музичарите во филхармонија, ја имаат привилегијата да работат со исклучително добри професионалци, диригенти и други соработници, што е од голема важност за секој уметник. Платите во културата се солидно зголемени, и редовно се исплаќаат и покрај намалениот фонд на работа за време на корона.

Ако под услови на работа и проблематично однесување, закани и мобинг, се мисли на потребата вработените да се евидентираат на работа и да ги извршуваат своите работни обврски согласно закон, согласно програма за работа, тогаш да, уметниците се навистина загрозени од мене како в.д.директор. Всушност, тогаш тие се загрозени со потребата да ги извршуваат работните обврски.

Во однос на т.н. упад на состанок на синдикат, квалификација утврдена од синдикалниот претставник, како и сите други квалификации на настаните во Филхармонија, е всушност обид за прикривање на повредите од негова страна на статутот на синдикатот и на законските одредби. Имено, точно како што наведува, јас сум именуван за в.д.директор од септември 2023, и дури сега во февруари 2024, доставува известување, меѓу другото и до медиумите, (иако известувањето е во друг контекст – дека постои „упад“ од моја страна), цитирајќи го член 16 од статутот. Дали и кога е одлучено на синдикат, дека мене како член ми мирува членството, дали и на кој начин е утврдено дека постои судир на интереси, и дали и на кој начин е известена благајната на установата да не ми се одбива од плата за членство, никаде не е споменато. Токму поради тоа, овој обид за прикривање на сопствените грешки и непочитување на законски одредби од страна на синдикалниот претставник, очекувам да биде прозрено како малициозно и со „задни намери“, и да биде санкционирано од повисоките органи на синдикатот.

Всушност, време е јавноста да знае, време е граѓаните да знаат, дека културата, за чие финансирање одат и дел од средствата што тие ги плаќаат на име данок, е во вештачка „криза“, наметната од некои синдикални претставници, во смисла да постојат само права но не и обврски од работен однос“.

09.02.2024 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега