Демант на Град Скопје на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ има коалиција со СДСМ не значи дека имаат право да лажат и да манипулираат со граѓаните.
Градот Скопје има редовни обврски за објавување и информирање на граѓаните за сите јавни повици, огласи, тендерски и други постапки кои согласно законот задолжително се објавуваат во најмалку два печатени медиуми.
Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги влече старите навики и со народните пари сака да располага во тајност.
За крај, ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто за оваа иста постапка не реагираа и во изминатите година кога предлог буџетот го доставуваше Петре Шилегов.",стои во соопштението на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа