Денови се бројат до одлуката на Врховен дали аболициите од Иванов ќе важат
Иднината на аболициите дадени од експретреседателот Ѓорѓе Иванов ќе се знае пред почетокот на судската ферија, а до крајот на овој месец, пренесува „Макфакс“.
За ова прашање ќе одлучува Врховниот суд, а постапувајќи по предметот „Транспортер“ во кои обвинетите се повикуваат на дадената аболиција. Нивната одлука ќе важи и за сите останати предмети. Постапувањето на врховните судии доаѓа откако Европскиот суд за човекови права даде насока дека тие треба да се произнесат за законитоста на аболицијата.
„Макфакс“, официјален став за постапувањето побара и од Врховниот суд, од каде се очекува одговор утре.
Инаку, пред 4 месециСудот за човекови права во Стразбур донесе решение, во кое посочува дека апликациите за дадените и поништени аболиции од претседателот Ѓорге Иванов за четирите случаи на Специјалното јавно обвинителство се преуранети. Ова е донесената одлука во форма на решение наместо пресуда по шест години од апликацијата. Според Стразбур, во тек се судските процеси за четирите предмети, па сметаат дека тие може да донесат пресуда откога ќе се исцрпат сите правни лекови во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа