Дневен хороскоп: Еден знак да очекува понуда за брак

 

Овен

Денес се соочувате со деловна ситуација која не е стабилна благодарение на личноста под знакот Лав. Не потпаѓајте на „приказни“ кога се во прашање односите во домот. Држете се до вашите ставови за работата.

Бик

Венера прави незгодни аспекти на важното поле на комуникација со партнерот. Обидете се да ја стабилизирате врската дома и да не носите ненадејни одлуки во следните десет дена. Проблеми со спиењето.

Близнаци

 

Меркур е многу добро поставен кога се во прашање односите со луѓето околу вас и прави да се чувствувате добро во своја кожа. Бидете голема поддршка за вашиот партнер бидејќи тоа навистина му е потребно овие денови. Спијте доволно. Очекувајте понуда за брак.

Рак

Деновиве Марс го активира вашето потсвесно поле и многу сте несигурни за некои деловни потези. До крајот на денот ќе бидете многу уморни од приказната што ја слушате некое време. Пазете се од озборувања од личност Јарец.

Лав

Во следните неколку дена ќе бидете многу лути на блиските луѓе околу вас поради некои лаги. Не донесувајте избрзани одлуки, особено кога се во прашање односите со партнерот. Бидете среќни што имате добри пријатели околу вас.

Девица

Бидете среќни што многу луѓе се потпираат на вас, особено кога станува збор за работните односи. До крајот на денот ќе бидете многу лути поради некои информации кои не се во ваша корист. Личноста под знакот Овен многу ве поддржува.

Вага

Научете да ги користите вашите емоции и вашите желби на вистински начин и секогаш да се ставате себеси на прво место. Љубовта е прекрасна работа, но важно е да имате почит кон себе. Можни проблеми со спиењето. Шкорпија

Во следните неколку дена, од вас зависи како ќе се одрази вашата деловна посветеност кон партнерот и она што се случи во изминатите неколку дена. Емотивно ќе бидете многу задоволни од семејната ситуација.

Стрелец

Ова е идеален момент да започнете некои работи во кругот на семејството кои сте сакале да ги правите порано. Најдете доволно време за себе и за одмор. Чувајте ги вашите пари безбедни.

Јарец

Во следните неколку дена се очекува многу од вас кога се во прашање врските во вашиот круг на пријатели. Личноста под знакот Овен ви претставува голема деловна пречка и многу ве нервира.

Водолија

Научете да ги решавате работите на време бидејќи тоа може негативно да се врати кога се во прашање односите со партнерот. Ќе бидете многу окупирани со туѓите проблеми, особено кога станува збор за паричните проблеми на помлад член од семејството.

Риби

Денот започнува така што сте оптоварени со проблеми во кругот на семејството, проблеми кои се повторуваат веќе некое време. Не донесувајте ненадејни одлуки, особено кога се во прашање односите со партнерот.

02.04.2023 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега