„Дојдов до прозорецот и потоа не се сеќавам повеќе“- Николина Пишек раскажа детали за несреќата со труење со гас

 

Водителката Николина Пишек зборуваше за драмата што ја поминала со ќерката Уна претходниот викенд кога доживеале труење со јаглерод моноксид.

Николина и нејзината ќерка Уна беа пронајдени во несвест во стан во Загреб ноќта помеѓу саботата и неделата, откако беа затруени со јаглерод моноксид. Труењето се случило кога пукнала цевка поради градежни работи во зградата, а водителката сега раскажа како се чувствуваат таа и Уна во моментот.

 – Имав тахикардија, ми беше мачно и чувствував силна главоболка. Легнавме околу 2 и на Уна ѝ се слоши. Му се јавив на сопругот Видое, кој беше во Белград. Подоцна ми рече дека сум била чудно смирена. За среќа се посомнева дека нешто не е во ред. Ме убедуваше веднаш да одиме на лекар, но јас му реков дека ќе одиме изутрина. Кога подоцна ни се јавувал, веќе не можел да нѐ добие – раскажа Николина за Јутарњи лист.

Еден од пријателите на Видое, кого тој го замолил да ги провери жена му и ќерка му, околу 2.30 минути дошол до станот, а Николина со последните сили му го отворила прозорецот, додека нејзините кутриња лаеле.

– Да не реагираше така, сега немаше да разговарам со вас, бидејќи за нас немаше да има спас додека дојдеше тој – вели Николина, која му е благодарна на сопругот поради грижата.

Пријателот на Видое веднаш повикал полиција, која морала да провали во станот, каде што ги пронашле Николина и Уна во бесознание. Дошле и пожарникарите, кои утврдиле дека количината на гас во станот во тоа време е седумпати поголема од дозволеното. Николина и Уна веднаш биле пренесени во болница.

За жал можни се последиците од вакво тешко труење, а Николина вели дека на белите дробови и на ЕКГ-то се гледаат оштетувања. Уна треба да оди на понатамошна невролошка обработка, пренесува Јутарњи лист.

Причините поради кои настанало протекување на гасот сѐ уште не се познати.

– Претпоставувам дека проблемот настанал поради санацијата која се прави во зградата по земјотресот. Не би обвинила никого дека е виновен за она што се случи, само сакам да откријам што се случи, бидејќи станува збор за два човечки животи кои беа загрозени – вели Николина.

Николина и нејзиното семејство се сместени во хотел, бидејќи веќе не се осмелуваат да влезат во станот.

 

– Се сомневам дека некогаш повторно ќе се вратам таму. Премногу лоши работи се случија таму во последно време – рече Николина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега