Доктор објаснил што всушност се случува во вашиот мозок кога имате дежа ву
Дежа ву знае да биде по малку бизарно искуство кое ве тера да ја преиспитате сопствената меморија. Поради него, имате чувство како веќе да сте искусиле одредена ситуација и да сте го доживеале тој момент, па затоа овој популарен француски израз се преведува како „веќе видено“.
И додека некои теории сугерираат дека дежа ву е всушност ситуација во која вашиот мозок се присетува на спомени од претходниот живот или дури би можело да биде и претчувство за иднината, популарниот „ТикТок доктор“, Каран Раџ, открил некои научни факти кои стојат зад сето ова.
„Што е дежа ву? Тоа е всушност грешка во вашиот мозок. Тогаш новата краткотрајна меморија случајно се сместува во долготрајната меморија. Затоа ви се чини како тоа да се случило и претходно бидејќи нашиот мозок нѝ вели дека тоа се стари спомени. Станува збор за неуредна администрација на вашиот мозок“.
Видеото собрало повеќе од 2700 коментари, а луѓето не го криеле разочарувањето што немаат супермоќ каква што мислеле дека имаат.
„Мислев дека можам да ја предвидувам иднината“, напишал еден од нив, а друг се запрашал:
„Дали сум јас единствениот кој, кога има дежа ву, знае што следува, а потоа го поминува остатокот од денот мислејќи дека е видовит?“.
This is why you get dejavu #dejavu #memory #learnontiktok #schoolwithdrkaran
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа