Драма во Велес: Спасени 12 лица заглавени во лифт за 3 лица

Во Велес спречена е катастрофа благодарение на брзата интервенција на пожарникарите кои веднаш реагирале на на повикот за заглавени лица во лифт.

Пожарникарите од Велес интервенирале во заглавен лифт во кој можело да се возат најмногу три лица, а внатре имало 12-мина.  Луѓето го преоптовариле лифтот и покрај предупредувањето, поставено на секој кат од лифтовите во т. н. социјална зграда во Велес во населбата Тунел, дека може да се возат најмногу три лица, пренесе СДК.

 

„По примена дојава во 21:35 часот за лица заглавени во лифт, Територијалната противожарна единица (ТПП) Велес излезе на лице место со едно  противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место, од лифтот беа извадени осум возрасни и четири  деца“, соопштија од Противпожарната единица Велес.

18.07.2024 - 22:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега