Феноменален погодок во Sport Life

 

Играч на “Sport Life” во Петровец – Скопје стана ДВОЕН милионер! Со еден феноменален  тикет одигран два пати успеал и на двата тикета да се стекне со по еден милион денари. Е тоа се вика мајсторија, еве како… 

Тикетот од  10 натпревари со квоти од 1,82 до 2,60 го уплатил еднаш со 750 денари за погодок на сите 10 меча, а веднаш потоа  истиот тикет го одиграл во систем - 8 од 10, за влог од 4.000 денари. И двата тикета биле со максимална добивка од милион денари и двата успеал да ги освои и да оствари двојна милионска добивка.

Еве ги и „милионските“ погодоци – типувал на мечеви од англиската премиер лига и тоа за победата на Манчестер Сити против Ливерпул,  за мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон дека ќе паднат повеќе голови во второто полувреме, како и за победа на Челзи над Шефилд со 2-5 гола на мечот. 

Понатаму, играл точно и на шпанската лига – со тип 1&2-5 гола на Севилја – Хетафе, на Уеска – Реал Мадрид двојка со 2-5 гола, на Бетис – Барселона ГГ & 3+ и на Осасуна – Еибар дека домашните нема да загубат и дека на средбата ќе има барем два гола.

Тикетот го завршил со два пара од Франција и еден од Германија. Тука погодил дека на мечот Ним – Монако двата тима ќе дадат гол, дека ќе паднат барем три гола и дека ПСЖ ќе слави во Марсеј во меч на кој ќе има 2-5 гола. За дуелот на Шалке и Лајпциг прогнозата е дека повеќе голови ќе паднат во вторите 45 минути.

Интересно, како што прогнозирал немало ниту еден натпревар на кој требало да чека на разврска во последните минути на судиските продолженија, но затоа возбудата од милонските премии од Sport Life сигурно не била мала.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега