Филипче: Спремни сме за избори веднаш - на Владата не и оди
СДСМ е подготвен за предвремени избори, вели денеска партискиот лидер Филипче на прес конференција.
Тоа што има најава за предвремени избори само 3 месеци по формирањето, значи дека на владата навистина не и оди. Теренска анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата.
Што се однесува на СДСМ ние сме спремни да одиме на било какви избори, од денеска па натака. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно – рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Неговата изјава доаѓа како одговор на новинарско прашање во врска со понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа