Финансова полиција: Поранешниот директор на СОЗР незаконски заработил пари на штета на државниот Буџет

 

Финансовата полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, за сторени кривични дела ПРИМАЊЕ ПОТКУП по член 357 став 1 и став 3 од КЗ на РМ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА по член 361 став 1 од КЗ на РМ, ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 став 1 од КЗ на РМ и НЕСОВЕСНО РAБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 2 од КЗ на РМ и едно физичко лице во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје за сторено кривично дело ДАВАЊЕ ПОТКУП по член 358 став 1 од КЗ на РМ.

Во соопштението од Финансовата полиција се вели:pastedGraphic.png

Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 9.6.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело ПРИМАЊЕ ПОТКУП по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело ДАВАЊЕ ПОТКУП по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија и го сторил кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Исто така првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи и во својство на одговорен менаџер- accountable manager на Авио Службата при Службата за општи и заеднички работи, иако знаел и бил свесен, а од 27.10.2023 година и запознаен со фактот дека едно лице вработено како пилот, не ги исполнувало условите за капетан-водач на воздухоплов, со несовесното вршење на своите овластувања и должности, овозможил на истото лице во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година од Службата за општи и заеднички работи да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата во својство на капетан- водач на воздухоплов, на кој начин првопријавениот овозможил лицето да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 3.444.615 денари, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело НЕСОВЕСНО РAБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 2 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

05.02.2025 - 14:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега