ФОТО: 14-годишно девојче настрада од струен удар во Илинден

 


14-годишно девојче настрада од струен удар вечерва во Илинден. Според информации на Прес24 од терен, две момчиња на иста возраст и девојчето играле во складиште во Илинден, кога девојчето се качило на еден од вагоните. 

Неофицијално, девојчето допрело едно од каблите по што добила удар од електричниот напон.

Несреќата ја потврдија и МВР и ЦУК.

 

 

„Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата, посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато. На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Oва е првична информација спoред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна“ соопшти МВР.

 

Од ЦУК велат дека од страна на дежурниот во Македонски железници добиле телефонски повик и пријава дека на железничка станица „Илинден“ има пожар на една цистерна и за истиот  биле информирани и БППЗ на Град Скопје. Од страна на РЦУК Скопје била контактирана БППЗ од кои беше потврден настанот и дека две нивни екипи се на терен. 

 

По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на истиот има починато едно лице. На местото на настанот се присутни претставници на Итна медицинска помош, Полицијата и Јавното обвинителство кои постапувале согласно нивните процедури. 

 

-Според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над  вагоните, велат од ЦУК.

26.02.2023 - 00:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега