(ФОТО) Критично кај Бељаковце: Изгоре куќа, три ер трактори полетаа да го гаснат пожарот
Пожарот кој вчера започна во атарот на с. Бељаковце, Општина Куманово, бил активен во текот на целата ноќ, но и сега се уште не е изгаснат.
„Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. За жал една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре.
Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон с. Бељаковце полетаа трите ер трактори на ДЗС“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа