(ФОТО) Меџити на состанок со докторите од Онкологија: „Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби со лековите“

 

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) присуствуваше на стручниот онколошки колегиум, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот.
„Министерот Меџити со лекарите разговараше за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.
Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија. На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија“, соопштија од Министерството за здравство.
 
„За аплицирање на назначената терапија, постои уредна евиденција во амбулантниот дневник коі се води во дневната болница. На Клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува на Онкологија. Во електронската евиденција на УКРО за секој лек постои ,,картица на артикл"  кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек. Министерот на состанокот упати апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија кои иако се случувале во минатото, сепак е оправдана грижата на пациентите и нивните семејства. Лекарите на состанокот побараа да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи“, се додава во соопштението на МЗ испратено до медиумите.

 

06.09.2023 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега