ФОТО: Охрид се расчистува од кал, затнати шахти одрони – возила останаа со искршени прозорци од невремето
Екипи на општинските Јавни претпријатија веднаш излегоа на терен и ги санираат последиците од невремето што денес го зафати Охрид, објави на ФБ, градоначалникот Кирил Пецаков.
Претпладнево Охрид го зафати силно невреме со дожд, град и грмотевици. Градот беше парализиран, дел од улиците поплавени, а има и штети. Веќе има поплаки за оштетени автомобили, поплавени простории во руралните делови.
Водата од улиците, се излеваше и по тротоарите. Има и паднати дрвја.
24.06.2023 - 14:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа