(ФОТО) Спасовски: Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела

– Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво. Да бидеме добри секогаш, секаде и со секого, наведува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во честитката по повод празникот Рождество Христово – Божик.
– На спасоносниот и најрадосниот ден, кога надежта и верата победуваат, Синот Божји се раѓа, носејќи го семето на вечниот живот за да нѐ избави од ропството на гревот, подавајќи ни рака за наше спасение. Христовата незалезна светлина духовно нѐ воздигнува и ни отвора нови порти кон нови возвишени цели. Преку новиот живот да создадеме подобра иднина, посочува Спасовски.
Нека блескавата Витлеемската ѕвезда повторно го осветли нашиот пат, вели Спасовски, потсетувајќи нѐ на вистината, дека Христос се роди и Бог го испрати спасението на човештвото.
07.01.2023 - 11:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа