(ФОТО+ВИДЕО) Невреме во Охрид: Силен ветер, град и поплавени улици
Силно невреме го зафати Охрид. Невремето со град и силен ветер доведе и до поплави на неколку градски улици.
Од ЦУК информираат дека до крајот на денот, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
„Во моментов Охридско Струшкиот Регион е зфатен со силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Правец на движење на нестабилната облачна маса е од југозапад кон североисток. До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.“-додаваат од ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа