Герасимовски: 100 семејства добиваат помош од по 7.000 денари

 

Во пресрет на новогодишните празници Општина Центар ја започна исплатата на еднократна парична помош за новороденчиња. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска во ООУ „Киро Глигоров“ врачи 97 решенија за доделување парична помош за принова во семејствата во вредност од 7 000 денари.

– Доаѓањето на новите членови во семејството се најголема радост и животно исполнување. Грижата за нив е приоритет на секое семејство и токму таа грижа значи здраво, среќно, исполнето и безгрижно детство. На мое задоволство денеска ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, Хип, Веледа и педијатриски услуги од ПЗУ Жан Митрев. Меѓу нашите пријатели се вклучува и Црвениот Крст кој исто така преку општествена одговорна компанија доделува кенгурчиња за првите прошетки на најмалите, изјавил Герасимовски.

Како што соопштија од Општина Центар исплатата на средствата за еднократната парична помош за новороденчиња е веќе во тек. Од почетокот на годината досега, се подвлекува во соопштението, општината има доделено 309 решенија и исплатено 2.403.402 денари вклучувајќи ги сите решенија.

Општина Центар ги поттикнува родителите на новороденчиња да го користат правото за користење на парична помош со поднесување на барање и потребната документација најдоцна до наполнување на шестиот месец на новороденчето.

23.12.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега