Голема трагедија: На кров од вагон загина лице од струен удар - надлежните институции на терен

 

 

Голема трагедија се случила денеска околу 17.15 часот на кров од вагот, откако лице воспоставило допир со инсталација којашто е под напон, при што дошло до негова смрт. Институциите се на терен, информираа од Центарот за управување со кризи. 

„ЦУК информира дека од Македонски железници известиле дека од  17:15 часот поради  тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија  се качило лице (најверојатно мигрант) и по допир со инсталацијата којашто е под напон дошло до негова смрт. На лице место се излезени екипи на  МВР, Пожарна и Брза Помош.

По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот“, информираат од ЦУК за Прес24.

20.06.2023 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега