Градоначалникот на Општина Илинден се сретна со пратеник и заменик градоначалник од Република Србија
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со заменик градоначалникот на Општина Нова Црња од Војводина, Република Србија, господин Драган Даничиќ, како и пратеникот од таа Општина во покраинското Собрание на Војводина, господин Дејан Панич.
На средбата се разговараше за идната можна соработка помеѓу Општина Илинден и Општина Нова Црња, која би се однесувала на повеќе области од локалната самоуправа.
Градоначалникот Георгиевски ги запозна гостите со тековните проекти на кои се работи, како и за идните планови на Општината. Воедно на средбата се разговараше и за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат општините во двете соседни држави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа