Груби: Првиот премиер Албанец ќе биде гарантор на Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедство

Демократската унија за интеграција, изборната кампања ќе ја почне со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници во Преспа, која ќе се одржи во среда со почеток од 13 на отворено, додека кампањата ќе ја заврши во Охрид исто така со собир на отворено. Причината за овој избор е ветувањето на ДУИ дека ќе биде гарантор на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, изјави денеска организацискиот секретар на партијата Артан Груби.

„Овие документи и процеси се темел на нашата заедничка држава и на нашата евроатлантска определба. Ова е и основната агенда на првиот премиер Албанец, целосна интеграција во Европската Унија и потполна рамноправност во сите сфери: економија, правда, работни места, квалитет на живот... За време на сите наши собири и активности максимално ќе ги почитуваме препораките за заштита на јавното здравје и апелираме до сите наши активисти за целосно  почитување и заштита на мерките како и да им помогнеме на граѓаните кои имаат потреба од тоа“, изјави Груби.

Тој вели дека оваа кампања нема да биде вообичаена затоа што таа ќе стане движење за првиот премиер Албанец. „Ова е платформа на која треба да се придружат сите граѓани Албанци и другите, да го поддржат движењето со идеи. Нашите штабови се ваш дом.

Во врска со постојните дилеми околу основните разлики на начинот и можноста за избор на претседател на државата Албанец од едната страна, и можноста за избор на премиер или претседател на Собранието од другата страна, дозволете ми да кажам, дека првото е утопија во денешна констелација, а второто е реална можност. Претседателот на државата се избира од мнозинство граѓани на слободни избори со околу пола милион гласови, додека премиерот и претседателот на Собранието се избираат од парламентарното мнозинство со 61 глас од пратениците. Ова е дури повеќе од јасно за сите и тука нема ниту една корелацијата помеѓу  можноста на избор на едното и другото.

Што се однесува до кандидатот за премиер, господинот Ахмети остварува интензивни консултации со цивилното општество, академската заедница, претставници од дијаспората, интелектуалци и аналитичари, околу името на нашиот кандидат за првиот Премиер Албанец во земјата, затоа ги повикуваме сите Албанци, но и другите да ѝ се придружат на нашата иницијатива за деетнизација на последниот столб на отпорот и моноетничката супремација“, изјави Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега