Илон Маск растури брак: Имал секс афера со Никол Шанахан
Илон Маск наводно имал секс-афера со Никол Шанахан, сопругата на со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој поднел и барање за развод уште во јануари, објави „Волстри журнал“, повикувајќи се на неименувани извори.
Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка Грајмс, и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со поранешната извршен директорка на новата фирма за вештачка интелигенција „Неуралинк“.
Маск, инаку, почнал да се гледа со сегашната девојка Наташа Басет во февруари. Брин бара старателство над неговата двегодишна ќерка. Тој е и седмиот најбогат човек на светот, со проценета вредност на богатството од 93 милијарди долари. А, она што следи би било еден од најскапите разводи во историјата на Силиконската долина. Тој претходно беше во брак со Ен Војчицки, којшто траеше од 2007. до 2015 година. Од тој брак се родија две деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа