Ја чека тешка битка: Седум дена до операцијата, македонската пејачка во солзи
Ивона Јовановиќ, македонската пејачка и инфлуенсерка која публиката ја препознава под уметничкото име Ивона Јо, за една недела повторно ќе замине за Турција каде што ја чека нов оперативен зафат.
Јовановиќ пред три години направи bariatric surgery-кратење на желудник, а сега повторно ќе легне под нож за „отстранување на вишок кожа (дермолипектомија) и липосукција 360 степени стомак, грб и раце-прва фаза“, како што самата напиша на „Инстаграм“.На седум дена пред операцијата, пејачката објави емотивно видео во кое вежба и плаче.
„Повели удобно смести се и повели пристап во процесот. Се надевам дека нема да судиш без да почекаш да видиш со што сѐ се имам соочено и зошто ова е единственото решение за мене и моето психофизичко здравје. Седум дена пред операцијата сакам да сумирам впечатоци и да ви се обратам вам… кои ќе го следите мојот процес и да ви кажам… Благодарам на сите пораки кои ми стигаат на адреса. Благодарам на секоја честитка и благослов за храброста. Ме чека период на борба, битка, болка, истрајност, дисциплина, стабилност“, напиша таа.
За овој зафат пред еден месец зборуваше и во поткастот „Равенка за успех“. Тогаш раскажа дека вишокот кожа многу ја спречува да биде тоа што е.
„Сакам да ги тргнам оковите од мене коишто ми се стегнати како ланци. Да не се кријам повеќе, да не прекривам сегменти од себеси коишто ги имам, затоа што јас сум дојдена на овој свет да давам, а чувствувам дека тежината и она што е на мене залепено и прилепено не ми дозволува докрај да го искажам тоа. И едвај чекам да го симнам од мене, за да дадам, затоа што самата на себе сум си кочница да бидам тоа што сум“, кажа Ивона Јо во поткастот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа