Јуриќ: Бевме на праг да не ја пронајдеме Дуња

 


Дуња Марковиќ од Уб беше пронајдена жива и здрава по потрагата што ја држеше цела Србија во неизвесност, но нејзиното враќање дома го отвори прашањето за одговорноста за случајот и започна истрага за околностите на нејзиното исчезнување. Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакна дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња.

Откако цела Србија нервозно ја следеше потрагата по Дуња Марковиќ, пристигна вест која ги израдува сите – девојчето е пронајдено живо и здраво. Сепак, и покрај олеснувањето од пронаоѓањето на девојчето, се поставува прашањето, велат надлежните, за одговорноста за овој случај.

Во врска со исчезнувањето на Дуња Марковиќ, Обвинителството во Уб, надлежната Полициска станица и Центарот за социјална работа вршат проверки и прибираат информации за околностите на семејните односи во семејството на малолетното девојче, изјавиле од Основното јавно обвинителство за српксите медиуми.

Игор Јуриќ, од Центарот за исчезнати и малтретирани деца, истакнува дека исчезнатото девојче Дуња Марковиќ имала голема среќа што била пронајдена жива и дека овој случај требало да послужи како сериозно предупредување.

„Мораме да бидеме свесни дека ова девојче преживеало со чиста среќа. Бевме буквално на чекор да не ја најдеме“, изјави Игор Јуриќ и додаде дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња Марковиќ.

„Некој мора да сноси одговорност за тоа што се случи. Треба да откриеме како едно дете може да ја напушти безбедната средина без никаков надзор и да биде доведено во опасност“, нагласи Јуриќ.

05.03.2025 - 11:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега