Каевски за ТВ 24: Договорот со Бехтел и Енка не се крие, туку постои дел што означува доверливост
Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека договорот со Бехтел и Енка не се крие туку постои дел што означува доверливост и се прават анализи од институциите во консултација со стратешките партнери кој дел може да се објави.
- Тоа е нешто што е воспоставена пракса и што дополнително ги согледува деловите од договорот кој во интерес на изведувачот не треба да се објават. Помпата што се прави околу тоа со цел да се нанесе штета на овој суштински важен договор за државата, дополнително го отежнува процесот и верувам дека нема да се случи. Верувам дека сите политички партии ќе се одважат да го поддржат договорот. - рече Каевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа