Казнети вкупно 211 возачи поради непрописно паркирани возила во општина Центар
Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 11 јули до 17 јули 2022 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да сÐ µ зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа