Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба
Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба. Кристијан Коцев, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации е во приватна болница во земјата, стабилизиран и чека наскоро да замине на лекување во Турција.
Дваесетгодишното момче Кико треба да биде лекувано со матични клетки во Истанбул. Тој има ретка и тешка болест која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба. Парите се собрани за четири дена, а семејството започна постапка за стопирање на телефонските броеви за донации.
Лекувањето во Турција е 50.000 евра а поради состојбата ќе бидат потребни и дополнителни средства за специфичниот медицински транспорт. Се очекува дозвола од лекарите за тој да може да замине за Турција каде ќе го продолжи лекувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа