Кој од ДУИ ќе биде премиер 100 дена - Груби истакна дека имаат добри планови за Насер Зибери

 Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада, најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната прес-конференција по постигнувањето на коалициски договор со СДСМ.

Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби за Клан Косово изјави дека имаат многу добри планови за Зибери, но не истакна дали Зибери ќе биде премиер последните 100 дена од Владата.

„Кандидатот ќе дојде како тек по четири години, ќе чекаме, но г. Насер Зибери но и ние и нашите коалициони партнери, но верувам и Албанците, имаме многу добри планови за г. Насер Зибери, за кои верувам дека се согласува и тој и решението да биде прифатливо и поздравено од сите Албанци.“, рече Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега