Костадиновска: Водиме вистинска грижа за децата, инвестираме во детска заштита, го унапредуваме образовниот процес

СДСМ како одговорна партија преку Владата и институциите што ги предводи постојано покажува вистинска грижа за децата, рече на Прес-конференција, Бисера Костадиновска, пратеничка од СДСМ

„Нашите најмлади се нашата иднина затоа сме посветени на создавање и реализација на мерки и политики што обезбедуваат услови за правилен раст и развој на децата.

Со конкретен план и стратегија континуирано се подобруваат условите за развој на децата во предучилишна и училишна возраст, за децата без родители и семејна грижа, за децата со пречки во развојот.

Интензивно работиме на зголемување на капацитетите во градинките. До крајот на годината ќе бидат отворени уште шест нови градинки, со што опфатот на деца ќе се зголеми за дополнителни 455 деца. До крајот на мандатот на Владата на предводена од СДСМ капацитетите во детските градински ќе се зголемат за 7.500 деца.

Со реформите во социјалната заштита и процесот на деинституционализација децата без родители веќе не се сместени во институции, туку во мали групни домови кои обезбедуваат услови најблиски до условите во едно биолошко семејство.

Посветени сме на искоренување на детската сиромаштија, како еден од најтешките видови сиромаштија.

Го зголемивме опфатот на семејства кои примаат детски додаток, со единствена цел да се подобрат и поддржат децата во ранливите семејства. Детски додаток денес добиваат деца од семејства кои имаат плата на ниво на минималната плата, како и приматели на Гарантирана минимална помош.

Во услови на вонредни околности поради пандемијата, обезбедивме олеснет пристап до образовниот додаток, со цел да се поддржат децата од најранливите семејства. Предлог законот за детска заштита е во собраниска процедура и очекуваме наскоро да биде изгласан.

Истовремено, го подобруваме и пристапот до образование и активно работиме на редефинирање на наставните материјали и восптино-образовниот процес. Воспоставуваме образовен процес кој има за цел да одговори на потребите на новите генерации.

Почитувани,

Унапредување на системот на детска заштита, на образовниот систем, како и создавање на повеќе можности за најмладите се врвен приоритет на СДСМ и Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи.

Грижата за сите продолжува, уште повеќе и уште подобро. Нека е честит 20 ноември – Светскиот ден на детето.“ рече Костадиновска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега