Крвав бунт во затвор во Таџикистан: Најмалку петмина затвореници убиени

 


Убиени најмалку пет затвореници во бунт во затвор во градот Вахдат, 20 километри источно од главниот град Душанбе, Таџикистан, а тројца затворски службеници се повредени, соопштија два извори од безбедносните агенции.

Бунтот го предизвикале затвореници кои се обиделе да побегнат од затворот.

Тие ги нападнале чуварите со импровизирани ножеви, објави Ројтерс.

Министерството за правда соопшти дека затворениците се обиделе да ги убијат чуварите и да избегаат од затворот.

04.02.2025 - 10:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега