Тлото се тресе: Уште еден земјотрес во Македонија
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. е регистриран изутринава во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип - Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходно, земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути.
Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Дебар и околината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа