Лефков: Филипче да каже колку пари ѝ плаќале на судијката која го ослободи убиецот
Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа? Во семејната куќа во Ранковце, сопственост на Даниела Алексовска Стојановска е сместен партиски штаб на СДС, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Според закон СДС можеле да го изнајмат деловниот простор во куќата на судијката и за тоа да платат кирија или истата да им го отстапи без надомест, што ќе подпадне под поимот донација. Венко Филипче мора да каже, каков однос имала неговата партија со судијката која го ослободила убиецот на Фросина. Дали СДС и плаќал кирија на истата и колку и зошто ја одбралe токму нејзината куќа? Или пак станува збор за подарок на судијката кон СДС, во форма на отстапување на деловниот простор без надомест? Каква и да е врската меѓу судијката Даниела Алексовска Стојановска и СДС, таа е длабока. Оттука го повикуваме Судскиот совет, имајќи го предвид ова, да ја разреши истата од функцијата судија, вели Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа