Македонија повторно се обедини: Се собраа потребните финансиски средства за лекувањето на младиот Кико
Граѓаните за четири дена собраа донации за Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван за чие лекување се собираа парични средства.
Ова е првична, неофицијална потврда, затоа што во тек се правните процедури за детални извештаи, со оглед на тоа дека донации се собираа преку неколку различни канали. Сепак, семејството на Кико започна процедура за стопирање на телефонските линии.
Малиот Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. Последните информации се дека Кико е подобар, и се очекува дозвола од лекарите за тој да може да замина за Турција каде ќе го продолжи лекувањ.
Неколкуте настани и концертот кои веќе се закажани. Сите дополнителни средства ќе бидат наменети за рехабилитацискиот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа