Македонската пејачка се породи пред само две недели, а изгледа како никогаш да не била бремена (ФОТО)

Пејачката и докторка Симона Поповска пред нешто повеќе од две неделои ги изненади следбениците на Инстаграм и останата јавност со објавата дека таа и нејзиниот сопруг Крис Поповски станале родители по вторпат. Таа на свет донесе машко бебе кое го доби името Стефан.

-На 17. 08. Бевме благословени со доаѓањето на Стефан, напиша тогаш Симона, а во прилог беа објавени фотографии од специјалната фотосесија каде таа во последните денови од бременоста позира со нараснатиот труднички стомак, во друштво на сопругот и сама во разни стилски комбинации од кои во преден план е трудничкиот стомак.

Постпартум периодот е вистински предизвик за една жена, бидејќи хормоните лудуваат, а телото и физички трпи доста промени.

На стомакот му треба време да се собере, па жените често знаат да се огледуваат една на друга, особено по бременоста- некои се задоволни, други не, а трети пак се носат со она она што го имаат од мајката природа.

Симона е во групата на последните, односно она што го имаат од мајката орирода, а тоа е инстант враќање на старо.

Симона објави на кусите приказни на инстаграм објави фотографија каде позира пред огледало, облечена во бели тесни панталони и маичка, а во истите изгледа како да не родила пред само неколку дена.

Веројатно режимот на растење на две деца така брзо ја врати во форма или пак има некоја друга тајна, можеби ќе открие во некоја следна прилика.

Инаку, Симона кон крајот на месец април го прослави првиот роденден на синчето Никола, што значи дека со сопругот сакале брзо проширување на семејството.

06.09.2022 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега