Македонската водителка кажа „ДА“ точно во 00:00 – прстенот е вистинско богатство
За водителката Елена Стефановска, новата година започна на најубав начин. Имено, таа кажа „да“ на нејзиното момче Бојан Најдоски.
Елена и Бојан изминатите неколку дена се во Русија, па запросувањето се случи токму во Москва.
Стефановска на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свршеничкиот престен, а во описот напиша: „Кажав да“.
Под објава се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, колеги.
За потсетување, Елена Стефановска својата врска со Бојан ја обелодени во октомври 2019 година.
View this post on Instagram
02.01.2022 - 19:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа