Мартин Милевски: Авант Кар Македонија е иновативен и еколошки бизнис модел кој за прв пат се појавува кај нас

 

Авант Кар Македонија е нова компанија на нашиот пазар која работи во областа на мобилноста. Станува збор за еден иновативен бизнис модел и концепт кој за прв пат се појавува кај нас. Во денешното интервју со Мартин Милевски, генерален директор на компанијата Авант Кар Македонија, ќе имате можност да прочитате и да се запознаете со компанијата и за услугите што ги нуди и да прочитате што е она што ги издвојува од другите компании за мобилност.

Press24: За почеток би сакале да дознаеме како започнува приказната на Avant Car на македонскиот пазар?

Милевски: Авант Кар во Македонија започна пред речиси една година, со наша желба да инвестираме во еколошки и одржлив бизнис модел, па така го пронајдовме нашиот партнер Авант кар во Словенија. Градот Љубљана  важи за еден од најчистите и најдигитализирани градови во Европа каде видовме дека успешно функционира концептот – користи мобилност тогаш кога ти треба. Со искуството кое што го има Авант кар Словенија направиме заедничко истражување и донесовме одлука дека и кај нас е потребен еден ваков развиен концепт кој ќе го поедностави секојдневието на луѓето преку создавање на напредни решенија за мобилност. Сметам дека треба да ги следиме примерите на високо развиените земји и да понудиме нови решнија за мобилност по европски стандарди.

Press24: Кои се услуги ги нудите во областа на мобилноста?

Милевски: Нудиме различни концепти надолгорочен и флексибилен наем на конвенционални и електрични возила од најновата генерација, краткорочен наем, електрична мобилност и консалтинг во оптимизирање на возниот парк на компаниите. Она што сакам да го најавам е дека нашата компанија во моментов работи на еден голем проект. Развиваме нов концепт кој за прв пат ќе се појави во Македонија каде електричната мобилност ќе биде достапна за секого и преку иновативен пристап ќе овозможиме сите да се приклучат кон мобилноста како поекономична опција.

Press24: За кого се наменети услугите за мобилност на Авант Кар Македонија?

Милевски: Услугите на Авант Кар Македонија се креирани да ги задоволат сите корисници на моторни возила. Како за физичките, така и за правните лица. Нашата главна цел е како што напоменав и претходно да го поедноставиме секојдневието на луѓето, да помогнеме во оптимизирање на трошоците за мобилност и пред се да ги запознаеме со електричната мобилност преку која ќе придонесеме кон позитивно влијание врз животната средина со оглед на тоа дека загадувањето претставува голем проблем кај нас.

Press24: Што е она што ве прави поразлични од другите компании кои што се занимаваат со наем на возила?

Милевски: Постојат повеќе фактори кој не издвојуваат од останатите. Јас би ја напоменал самата трансофрмација на компанијата која како класична рент а кар компанија се приклучи кон дигитализација и развој на сопствени дигитални алатки како и одржливи економски исплатливи модели и на крај прерасна во еден бренд кој е препознатлив во регионот. Нам ни е најважно да продолжиме да ги следиме и задоволуваме потребите на клиентите кога станува збор за мобилноста и да им понудиме напредни и иновативни решенија.

Press24: Може ли да ни кажете нешто повеќе за долгорочниот наем на возила за компаниите? Што најмногу се бара од клиентите и кој е нивниот бенефит­?

Милевски: Клиентите најмногу бараат мобилност, безбедност, безгрижност и економичност, а ние тоа им го обезбедуваме. Соодветно на нивните индивидуални желби и потреби се бараат сите модели што ги нудиме.Во моментов барањата на клиентите ги исполнуваме со конвенционалните модели на возила од најразлични врвни производители но исто интересни и барани се и електричните мали градски возила. Кај компаниите најважен е квалитетот на возилата, превземањето на грижата за сите сервисни активности околу автомобилот како и стручниот персонал достапен во секое време. Дополнителен бенефит од долгорочниот наем на возила за компаниите е директната заштеда која ја добиваат, најизразена е низ комбинираниот модел на оптимизација на конвенционални со електричлни возила каде се постигнува највисок степен на искористеност спрема потребите на компанијата. Ова претставува една вистинска алтернатива наместо купување/лизинг возила. Комплетната outsourcing услуга подразбира грижа за деловниот  возен парк, вклучувајќи: сервиси, промена на летни/зимски гуми и нивно складирање, технички преглед и регистрација, целосно осигурување, проценка и санирање во случај на штета, обезбедување заменско возило во случај на откажување, неограничени километри, редовно одржување на возилото за време на наемот и 24/7 часа деловна поддршка.

Press24: Сведоци сме на една транзиција во автомобилскиот свет, производството на електрични автомобили е во полн ек ... Каква е понудата на Авант кар од овој тип на возила?

Милевски:  Нашата понуда на електрични возила постои уште од 2006та, Со широка палета на 100% електрични возила од различни брендови. Ваквиот избор ја прави нашата понуда комплетна и соодветна за сечие барање. Целосно сме подготвени за транзицијата која пристигнува.

Преку електричната мобилност вовдуваме еден нов концепт и ново искуство на нашиот пазар достапен за секого. Цената да се поседува електричен автомобил секако игра главна улога па така Авант Кар како компанија која е регионален лидер во областа на е-мобилноста, преку оваа услуга, овозможува секој поединец и компанија да искуси и да проба електричен автомобил. Нашиот концепт и бизнис модел, е достапен за сите. Она што е важно да се издвои е дека компаниите преку долгорочниот наем на електричните возила добиваат директни заштеди во управување со нивниот возен парк, вака е заради нивното многу поефтино одржување и многукратно пониски трошоци за погонска енергија што може да се сведат и на нула заради присуството на полначи на кои за сега полнењето не се наплатува. Работиме на поддршка на инфраструктурата преку инвестиција во поставување на супер брзи станици за полнење па така компаниите добиваат мобилност без емисии и активно придонесуваат во заштита на животната средина, со директно влијание во намалување на загадувањето

Press24: По она што можевме да го прочитаме, вие сте една компанија со традиција и големо искуство во областа на мобилноста... Кои се Вашите очекувања на пазарот во Македонија?

Милевски:  Очекуваме дека ќе се промени свеста кај корисниците на моторни возила. Интерес за електрични автомобили во Македонија секако дека има иако сме сеуште во зачеток. Електричните возила се проверени и повеќе од очекувањата на корисниците но им треба малку време да се докажат во позната околина. Верувам дека ќе успееме успешно да го интергрираме концептот на Авант Кар- Електрична мобилност во секојдневието па одтука и лично сметам дека компаниите за брзо време ќе можат да ги увидат бенефитите и големиот број на предности кои што ги нуди Авант Кар. Покрај компаниите, концептот е наменет и за физичките лица каде корисничкото искуство е големо бидејќи клиентите плаќаат онолку колку што користат. Ние сме земја каде сеуште во свеста ни стои дека треба да поседуваме  сопствен автомобил без притоа да направиме анализа колкав е неговиот степен на искористеност во однос на финансискиот влог. Но силно верувам дека нашиот концепт ќе биде позитивно прифатен и користен во иднина.

Во оваа прилика сакам да ги поканам сите компании кој се заинтересирани да се пријават на Бесплатниот тест период на електрично возило и да искусат електрична мобилност во својата компанија.

09.02.2023 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега