Мартина Трајаноска: Креирањето содржина за социјалните мрежи воопшто не е едноставна работа

Дали сте се измориле од прашањто „Што да зготвам денеска“?

Дваесет и две годишната талентирана девојка од Негорци, Гевгелија, Мартина Трајаноска на социјалната мрежа „Инстаграм“, преку профилот „martinascookingg“ секојдневно објавува видеа и дава одговори на ова често поставувано прашање.

Низ видеата го прикажува начинот на подготовка на одредено јадење, а со своите следбеници го споделува и рецептот од истото. Покрај креативни идеи и начини на подготовка на различна јадења, на профилот „martinascookingg“ можете да пронајдете и вкусни пијалоци.

Трајаноска во интервју за Прес24, открива дека инспирација за креирање на оброци и за правењето на видеа, ја црпела од сè околу себе, но највеќе од нејзините „Инстаграм“ пријатели, кои секојдневно ги пробуваат веќе објавите рецепти, а бараат и нови, кои се лесни и едноставни за подготовка.

„Инспирација црпам и од сè она што останало во фрижидер, од Интернет, од пријатели, од секаде. Готвам од многу мала, па секогаш ми било интересно и убаво да се врткам во кујна“, вели Трајаноска.

Иако изгледа лесно од страна, Трајаноска вели дека креирањето на содржина за социјалните мрежи не е воопшто едноставна работа.

„Секој еден рецепт сака свое планирање, набавување на состојки, средување на простор, подготовка, готвење, снимање и сликање, голем неред и садови за миење во позадина, па дури потоа следи делот за едитирање, сечење и монтирање на видео и фотографија и секако текст за рецептот“, изјави Трајаноска за Прес24.

ПРЕС24: Мартина Трајаноска, инспирација за многумина и лек скоро за секој што се мачи со прашањето „Што да зготвам денес“. Од каде црпите испирација за подготовка на оброците, но и видеата на социјалната мрежа „Инстаграм“? Кога сфативте дека готвењето е Вашата пасија?

ТРАЈАНОСКА: Инспирација црпам од сè околу мене. Најголема инспирација ми се сите мои „Инстаграм“ пријатели кои секојдневно ги пробуваат веќе објавените рецепти, но кои бараат и нови идеи за лесни и едноставни оброци. Инспирација црпам и од сè она што останало во фрижидер, хахаха, од Интернет, од пријатели, од секаде. Готвам од многу мала и секогаш ми било интересно и убаво да се врткам во кујна.

ПРЕС24: Се закитивте со титулата „Инфлуенсер за храна во 2021 година“ (анг.Food influencer 2021), но од кога поточно започнавте да објавувувате видеа на социјалната мрежа „Инстаграм“ и да го документирате целиот процес на подготовка на различни оброци и вкусни пијалоци?

ТРАЈАНОСКА: „Инстаграм“ профилот беше креиран, па постепено равиван со самиот почеток на пандемијата со коронавирусот и моментот кога сите моравме да бидеме дома, а секако ни требаше некоја занимација. Оттогаш, па сè досега, уживам во целиот процес на набавување состојки, спремање и снимање на еден рецепт, па и негово фотографирање и споделување со пријателите.

ПРЕС24: Колку време Ви е потребно за изработка на едно „Инстаграм“ видео? Кои алатки ги користите за креирање на содржината, пласирана на оваа социјална мрежа?

ТРАЈАНОСКА: Колку и да изгледа лесно од страна, креирањето содржина за социјалните мрежи не е воопшто едноставна работа. Секој еден рецепт сака свое планирање, набавување на состојки, средување на простор, подготовка, готвење, снимање и фотографира, голем неред и садови за миење во позадина, па дури потоа следи делот за едитирање, сечење и монтирање на видео и фотографија и секако текст за рецептот. Од алатки главно ги користам „Lightroom“, „Snapseed“, „In-Shot“, „Preview“ и „Canva“.

ПРЕС24: Колку е важна интеракцијата со следбениците, дали тоа влијае врз успешноста на еден „Инстаграм“ профил?

ТРАЈАНОСКА: За еден „Инстаграм“ профил да функционира најдобро што може, според мене, интеракцијата е најбитниот дел. Дури можеби и побитна од содржината. Секако, содржината мора да е квалитетна и прифатлива за луѓето што нè следат, но доколку нема интеракција, одговарање на прашања, пораки или коментари, тогаш сметам дека тој профил не би траел долго.

ПРЕС24: Што би им препорала на сите оние кои имаат исти амбиции како твоите, да ја започнат својата кариера на социјалната мрежа „Инстаграм“?

ТРАЈАНОСКА: „Инстаграм“ станува сè повеќе користена социјална мрежа од која може да добиете и научите многу.Препорачувам секој да проба да види дали ќе се пронајде тука. „Инстаграм“ е платформа на која може да го правите она што го сакате и да го споделите со останатите, да бидете задоволни и исполнети, а покрај тоа да добиете и профит. Најважно е сето тоа да го правите со многу љубов и многу труд, а резултатите ќе дојдат сами по себе.

ПРЕС24: На Вашиот „Инстаграм“ профил постојано споделувате видеа од тоа како ги пoдготвувате рецептите. Но, дали се случува понекогаш да си порачате храна или си се држите по правило на постарите генерации „сè морам да зготвам сама“?

ТРАЈАНОСКА: Секако уживам во спремање на оброци, но често знам да порачам храна или да излезам на ручек/вечера. Сметам дека на сите понекогаш ни треба мал одмор од кујна и уживање на храна која некој друг ни ја подготвил.

ПРЕС24: Што можеме да очекуваме од Инстаграм профилот „martinascookingg“ во Новата година?

ТРАЈАНОСКА: Како и досега, така и оваа година ќе продолжам со исто темпо и ќе се обидам да пренесам сè што знам и можам да направам, а „Инстаграм“ заедницата го бара. Секогаш сакам профилот да е едноставен и пријателски, со лесни, брзи и прифатливи рецепти за сите, а секако се стремам на подобра и по квалитетна содржина.

За крај, Трајаноска за Вас одвојува топ пет вкусни рецепти, кои би можеле да ги подготвите уште денеска. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

20.01.2023 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа