Мицкоски: Денеска го славиме животот и новите почетоци

 
 
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук упати честитка до сите православни христијани по повод големиот христијански празник Божиќ.
 
„Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.
Овој ден на кој го славиме животот, новите почетоци и семејството, нека ви донесе многу здравје, радост и среќа во вашите домови кои ќе ве следат низ целата година“, порачува Мицкоски.
 
„Христовото раѓање нѐ потсетува на божјата љубов, милосрдие, меѓусебно да се разбираме и почитуваме, да бидеме хумани и да си помагаме, особено сега во овие тешки времиња со кои се соочуваме. Празнувајќи го овој празник да дадеме пример со порака за сплотеност, заеднички да делуваме кон благосостојба, напредок, подобро општество.
Заеднички да делуваме да се измени тешката реалност и да не живееме повеќе во неизвесност и несигурност. Потребна ни е нова и подобра реалност. Потребни ни се надеж и заедништво како никогаш досега, за да успееме да се избориме за подобра иднина.
Македонија, во која сите заедно ја живееме сегашната реалност и ја споделуваме маката, мора да стане држава на среќни граѓани, држава на граѓани кои ќе имаат квалитетен живот и достоинство.
Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина, а поразите и неуспесите да останат зад нас.
Нека Христовото раѓање ви донесе светлина и радост во вашите домови.
Нека е за многу години големиот христијански празник Божик.
Христос се роди!
Навистина се роди“, стои во честитката на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

07.01.2023 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега