Мицкоски се сретна со Претседателот на хрватскиот Сабор: Поддршка за европскиот пат и унапредување на билатералните односи
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.
„Денеска остваривме средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која разговаравме за унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија.
Хрватска останува наш важен партнер и пријател, а заедничките иницијативи ќе продолжат во духот на стабилност, просперитет и взаемна поддршка“, вели Мицкоски во својата објава на фејсбук.
06.03.2025 - 13:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа