Страшна сообраќајка во Скопје: Двајца тешко повредени
Вчера во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.Ј.(30) од Скопје и мопед „априлиа“ , управуван од Ј.Ј.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот сопатник Б.Ј.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
06.03.2025 - 12:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа