Мицкоски: Сторителите за случајот Онкологија мора да бидат изведени пред лицето на правдата

 
-Се згрозив од тоа што го гледам изминативе денови, а згрозен сум уште повеќе што ја гледам власта како се препелка со овој случај и ништо не прави, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што би направил тој и партијата доколку се на власт, за време на посетата на општина Петровец.  
Мицкоски посочи дека „сите оние иницијативи кои доаѓаат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламент како анкетна комисија, собраниска седница ги одбиваат, а ги одбиваат затоа што се плашат затоа што ќе треба да се соочат со вистината“.
Мицкоски се осврна и на прашањето што би направил доколку би бил на власт во овој момент.
 
„Прво, не би дозвола да дојде до тоа. Не може никој да ме убеди дека на неколку медицински работници и два тројца криминални директори им текнало на маката на болните да им, ги земаат лекарствата и да ги шверцуваат за да профитираат. Никој не може да и каже дека се само тие без поддршка, сериозна поддршка од високо позиционирани политички  фигури. Тоа  е невозможно. Второ, кога сега би го презел случајот, 24 часа би траела истрага, би ја скратил и сторителите би ги извел пред лицето на правдата и би инсистирал на драконски казни. Се разбира последно е на судовите“, заклучи Мицкоски.
06.09.2023 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега