Милошоски: Борбата за профит за власта е поважна од чистиот воздух

Борбата за профит за власта е поважна од борбата за чист воздух и обвинителството има обврска да поведе постапка бидејќи постојат сомнежи за сторено кривично дело, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со истражувањето на ИРЛ за загадувањето на воздухот и користење на мазут опасен по здравјето од страна на фирми блиски до СДСМ.

– Она што може да се забележи кај актуелната власт е дека борбата за профит им е поважна од борбата за чист воздух. Загадувањето не ги интересира толку колку што ги интересира на кој начин фирмите блиски до власта и до владини функционери, актуелни и поранешни може да направат профит на некој нелегален начин, рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека е работа на не само оние кои се занимаваат со екологија и граѓаните кои сакаат почиста животна средина туку и обврска на обвинителството да поведе посебна истрага бидејќи има сомнежи за кривично дело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега