Министерката за финансии: Ме искористија за даноци - ги пријавив во полиција

 

Почитувана јавност,
сакаме да информираме дека денеска на социјалните медиуми e споделена вест во која се пренесува лажно интервју од мене како министер за финансии, за кое е искористено и логото на Канал 5 телевизија. Станува збор за креирана невистинита содржина која содржи лажни информации, неточни ставови и изменети фотографии, а се однесува на некаков нов систем за враќање на даноци напиша на социјалните мрежи министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Сакаме да појасниме дека станува збор за содржина која не е произлезена од Министерството за финансии и за истата поднесовме пријава до Министерството за внатрешни работи, стои во нејзината објава.

21.01.2025 - 17:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега