Министерот Николовски објави фотографија со семејството: „Кај и да си за Бадник дома да си“
И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски објави фотографија на социјалните мрежи со семејството, нагласувајќи „Кај и да си за Бадник дома да си“.
Во новогодишна атмосфера и бадникова трпеза, Николовски откри дека паричката оваа година се паднала кај Анамарија Николовска.
„Кај и да си за Бадник дома да си. Божји благослов, здравје и радост во секој дом. Anamarija Nikolovska паричката да ти донесе безброј среќни моменти во ова ново лето господово. Христос се роди! За многу години“, пишува Николовски во описот на објавената фотографија со семејството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа