Митовски: Скандал ја тресе Гази Баба - секретарката од општината си зема 2 плати
Скандал на расипничко трошење на народните пари за исплаќање на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ ја тресе општина Гази Баба, обвинува на прес-конференција Владо Митовски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.
„Секретарката на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски, познат кадар на ВМРО-ДПМНЕ, освен што добива плата за нејзината позиција, си обезбедиле дополнителен приход од буџетот на Општината. Освен што е секретар на општината, Стаменковска е и проектен координатор на проект што општината го добила преку Еразмус програмата“, вели Митовски.
„За тоа постои и договор за дело од една страна потпишан од градоначалникот Бобан Стефковски а од друга страна секретарот на општина, Невенка Стаменковска но овој пат потпишана како давател на услуги.
За овој ангажман Стаменковска ќе добива по 9.000 денари месечно до 31.01.2024 година“, додава Митовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа